Андреј Шевченко неодамна седна на клупата на Џенова и сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Прва желба на Шевченко е крилниот напаѓач на Милан, Саму Кастиљехо, кој е на излезна врата од „Сан Сиро“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кастиљехо не добива шанса кај Пиоли па Милан е спремен да го продаде и за неговата слобода бара 5 милиони евра.
Шпанецот е спремен да се пресели во Џенова каде ќе има важна улога во тимот, бидејќи Шевченко смета дека би бил идеален за неговиот стил на игра.
Коментари