Саму Кастиљехо минатото лето пристигна во Милан како големо засилување, но најверојатно после само една сезона ќе се врати во Шпанија.
24-годишниот крилен фудбалер не се вклопува во формацијата на новиот тренер Џампаоло, па Милан е спремен да го продаде, иако играчот има договор со 2023 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес за Шпанецот покажуваат Валенсија и Севиља, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Италијанските медиуми тврдат дека во следните денови и официјално ќе започнат преговорите, а Милан е спремен да го пушти Кастиљехо за сума помеѓу 15 и 20 милиони евра.
https://youtu.be/ehIQjlflVXk