Дома Фудбал Италија Касано: Роналдо е крал на ЛШ, а Јувентус е далеку!

Касано: Роналдо е крал на ЛШ, а Јувентус е далеку!

Јувентус во вторникот доживеа уште една рана елиминација во Лигата на шампиони, овој пат во осминафиналето од Порто.

По натпреварот против Порто, Роналдо беше критикуван од страна на медиумите и италијанската јавност, но Антонио Касано застана во негова одбрана.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој пат Касано порача дека Роналдо не заслужил такви критики и го „пецна“ Јувентус со изјавата дека клубот не е создаден за трофејот во ЛШ.

„Забавно ми е да гледам како луѓето се сомневаат во Роналдо, кој освои пет Златни топки и пет трофеи во Лигата на шампиони. Постигна повеќе голови од било кој. Роналдо и Јувентус се две различни работи. Роналдо е крал на ЛШ, а Јувентус е спротивно од тоа и тоа веќе го докажуваат 26 години“, вели Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фантастична асистенција на Арда Ѓулер ја доближи Турција до светскиот сон

Турција е на чекор поблиску до посакуваното учество на Светското првенство 2026, откако ја…