Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус кој игра како позајмен играч во Бешикташ, ја одбил поканата на „црвените“ да присуствува на финалето од Лигата на шампиони.
Кариус како причина за одбивањето на поканата навел дека заминува на одмор, а од „Енфилд“ ја почитуваат неговата одлука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кариус беше анти-херој во минатотогодишното финале од ЛШ, кога со своите грешки директно влијаеше на поразот од Реал Мадрид од 3:1.
Оваа сезона 25-годишниот голман одигра 35 меча за Бешикташ на кои прими 49 гола, а само 6 пати ја зачува својата мрежа.