Дома Фудбал Кариус првпат брани во Лигата на шампионите по натпреварот кој му ја уништи кариерата?

Кариус првпат брани во Лигата на шампионите по натпреварот кој му ја уништи кариерата?

Њукасл вечерва ќе се обиде да се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите.

За тоа му треба домашна победа против Милан, а воедно мора да навива Пари Сен Жермен да не ги освои сите три бода на гостувањето кај Борусија Дортмунд.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тренерот на Њукасл, Еди Хау, во пресрет на клучниот натпревар се најде во големи проблеми на голманската позиција.

Неодамна тешко се повреди првиот голман Ник Поуп кој ќе отсуствува неколку месеци, а ден пред натпреварот не тренираше ниту неговата замена Мартин Дубравка.

Хау на прес-конференцијата изјави дека не е сигурен дека Дубравка ќе биде подготвен да застане меѓу головите против Милан.

Така, третиот голман на Њукасл, Лорис Кариус треба да биде во стартниот состав. Тоа би било прв настап на Кариус во Лигата на шампионите по финалето во 2018 година, кога бранеше за Ливерпул против Реал Мадрид и беше директно одговорен за два гола во поразот од 3:1.

Кариус не беше истиот по тој страшен настап, а во септември минатата година дојде во Њукасл да го пополни местото трет голман.

За овој англиски клуб досега бранеше само еднаш и тоа во финалето на Лига купот минатата сезона бидејќи Поуп и Дубравка немаа право на настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…