Шпанските медиуми пренесуваат дека Јаник Караско би можел да го напушти Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок.
Караско оваа сезона добива шанса кај Симеоне, но и самиот е спремен за нова авантура после Мундијалот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белгиецот на лето влегува во последната година од договорот, па „јорганџиите“ се спремни да го продадат, но по завршувањето на сезоната.
Шпанските медиум тврдат дека Караско би можел да се пресели во Премиер лигата, каде силен интерес за него покажуваат Тотенхем и Њукасл.
Двата клува се во контакт со неговиот агент Пини Захави, но Атлетико не сака да преговара во јануари, па единствен начин е да се плати откупната клаузула од 60 милиони евра.