Во моментов италијанскиот гигант Јувентус нема ниту еден вработен во клубот кој е заразен од коронавирус, покажаа последните тестирања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако пред скоро две недели Даниеле Ругани беше позитивен на коронавирус, целиот тим беше испратен во карантин. Исто беше и со останатиот персонал во клубот – точно 121 човек беа во изолација.
Вчера беа направени нови тестирања кај сите во клубот, па во моментов нема нути еден позитивен.
Од клубот денес објавија дека карантинот е при крај и дека ќе давата информации само во случај да се појави нов позитивен на КОВИД 19.
Целиот женски и машки тим на Јувентус тренира по сцецијално изработена програма во своите домови во изолација.