Дома Фудбал Англија Карагер: Денешното ривалство на Сити и Ливерпул е најголемо во историјата на Премиер лигата

Карагер: Денешното ривалство на Сити и Ливерпул е најголемо во историјата на Премиер лигата

Дербито помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул кое се игра во недела ќе има големо влијание во борбата за титулата, а Џејми Карагер смета дека сме сведоци на најквалитетното ривалство во историјата на Премиер лигата.

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул има само комплименти за двете екипи и игрите кои ги прикажуваат предводени од Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Ривалството против Сити стана најголемо, најинтезивно и најквалитетно во историјата на Премиер лигата. Има посебен и уникатен елемент во сето тоа. Првпат најдобрите две англиски екипи се и најдобрите две екипи во светот, предводени од двајца големи тренери“.

„Верувам дека фановите на Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челзи ќе имаат забелешки на мојата изјава, но тоа е мое мислење за актуелната ситуација. Дуелите на Фергусон и Венгер имаа свои квалитети, но не се споредуваат со Сити и Ливерпул денес, резултатите во Европа се доказ“, изјави Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ го прегази Реал Мадрид за пласман финале

Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен го победи со 4:0 Реал Мадрид во второто полуфин…