Навивачите на Звезда пред натпреварот со Ливерпул сакаа само едно нешто на теренот да видат тим кој ќе се бори – не веруваа во победа и чудо на „Маракана“.
Имаше и такви кои беа сигурни дека Ливерпул нема премногу да се испоти на „Маракана“ за да стигне до трите бода. Односно дека Ливерпул повеќе енергија ќе потроши на последниот тренинг отколку на тревникот на „Маракана“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Таквите најави изгледа беа дополнителен мотив за играчите на Звезда за тоа сведоичи изјавата на капитенот Вујадин Савиќ.
„Демантиравме поединци кои зборуваа дека ова за Ливерпул ќе биде малку посилен тренинг. Докажавме дека не е така, туку ги намачивме и на крајот ги победивме. Сега можат да почнат да веруваат и во крај на светот“, изјави Вујадин Савиќ и продолжи:
„Веројатно ниту самите не сме свесни каков тим победивме. Покажавме дека тука е тешко да се победи, со божја помош успеавме да постигнеме два гола. Благодарен сум на целиот тим стручниот штаб и навивачите. И секако на Милан Павков кој заслужено доби вакви овации. Среќен сум поради него“, заврши капитенот на српскиот клуб.