Дома Фудбал Капело: Меси е фудбалскиот Павароти!

Капело: Меси е фудбалскиот Павароти!

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело го спореди Лионел Меси со најдобриот оперски пеач на сите времиња Лучијано Павароти.

Капело притоа го коментираше престојниот дуел во Лигата на шампиони помеѓу Јувентус и Барселона.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„На Јувентус воопшто нема да му биде лесно, иако одлично знаат како треба да се бранат против Каталонците. Не смеат да се опуштат ни секунда, доколку сакаат да се пласираат во полуфинале. Според мене шансите се 50-50“, изјави Капело.

Новинарите му сугерираа дека предност за „старата дама“ би можело да биде слабата форма на Лео Меси.

„Меси во криза? Мора да се шегувате. За мене Меси е фудбалскиот Павароти. Никогаш не потфрлил кога е најпотребно, сигурен сум дека уште многу години ќе биде на врвот“, заклучи Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Немало проблем: Пикси објасни зошто Влаховиќ игра за Јувентус, а за Србија не

Душан Влаховиќ нема да биде дел од репрезентацијата на Србија за претстојните натпревари в…