Легендарниот тренер Фабио Капело смета дека слабата форма на Пауло Дибала во Јувентус се должи на прележаниот коронаворус пред неколку месеци.
Дибала оваа сезона игра многу слабо и се уште не може да ја најде најдобрата форма, а има постигнато само еден гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дибала оваа сезона игра со многу осцилации, а причината е коронавирусот. Тој има неверојатни квалитети, се што е потребно за еден топ фудбалер. Формата може да ја врати само со тренинзи“.
„Кога не си во форма почнуваш да се бориш не само со противниците, туку и со соиграчите. Јас лично не би го трампал Дибала за Погба во Јувентус. Единствено би го сменил со Хари Кејн“, смета Капело.