Легендарниот италијански тренер, Фабио Капело вели дека Карим Бензема е милениче на претседателот Флорентино Перез и тоа е главната причина зошто Французинот е во стартниот состав на „кралевите“.
Французинот никако да влезе во голгетерска форма оваа сезона, но и покрај тоа ужива поголема доверба во однос на Алваро Мората, кој импресионира секогаш кога ќе добие шанса од клупата за резерви.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во разговор со „Фокс Спортс Италија“, Фабио Капело вели дека причина за ваквата ситуација е добриот однос на Карим Бензема со Флорентино Перез.
„Секој тренер би сакал да ја има дилемата да одбира помеѓу Бензема и Мората. Мислам дека Зидан одлично ја менаџира ситуацијата. Бензема е стартер, најмногу поради тоа што е миленик на претседателот, и потоа од клупата го пушта Мората за да ги реши натпреварите. Тактиката на Зизу е најдобра, резултати го покажуваат тоа”, истакна Капело.