Н’Голо Канте во изминатите недели е во центарот на вниманието, посебно после маестралното издание во Лигата на шампионите.
За Канте многу се зборуваше. Практично сите се сложуваат дека тој е најскромниот фудбалер во светот.
30 годишниот играч за врска стекна огромна популарност поради своењто залагање на теренот, а како што вели сака да биде само нормална личност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Настојувам да го работам она што секогаш сум го правел, да бидам природен, да дадам се од себе на теренот и да му помогнам на тимот. Вистина е дека многу слушам дека сум прекрасна личност, но јас сум само нормален човек, еден од многуте играчи“.
„Не мора да се зборува дека сум најпрекрасен, јас сум како останатите. Некогаш е тоа премногу. Се сложувам со соиграчите, имам добар однос со луѓето кои ќе ги сретнам на улица и тоа тоа е тоа. Не треба да се прави преголема работа“, изјави Канте.