Францускиот играч за врска Нголо Канте веќе неколку сезони е главнииот „мотор“ во тимот на Челзи.
Канте оваа сезона одигра клучна улога во освојувањето на Лигата на шампиони, па Челзи планира да му понуди нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот има договор до 2023 година, па двете страни не брзаат околку преговорите бидејќи обострано сакаат да ја продолжат соработката.
Канте во моментов годишно заработува 7,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе добие значително зголемување на платата.
Англиските медиуми пренесуваат дека понудата на Челзи е 10 милиони евра по сезона плус бонуси.