Репрезентацијата на Канада убедливо ја совлада Франција со 95:65 и тоа без својот најдобар кошаркар Џамал Мареј.
Канада уште еднаш потврди дека е селекција која ќе се бори за нависок пласман и денес ја „прегази“ репрезентацијата на Франција.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Французите рано дјдоа до водство, но потоа Канаѓаните успеаа да израмнат и да се вратат во водство на полувреме. Во второто полувреме експлодираше Никејл Александер-Вокер, за кого Французите немаа одговор и кој заврши со 27 поени и 13 асистенции како најефикасен кај Канада покрај Кени Олиник со 18 поени.