Легендарниот италијански стопер Фабио Канаваро верува дека Калид Кулибали и Костас Манолас можат Наполи да го одведат до титулата во Лигата на шампионите.
Канаваро својата кариера ја започна во Наполи, а подоцна играше за Парма, Интер, Јувентус, Реал Мадрид и на крај за Ал Ахли. Тој смета дека доаѓањето на Манолас би променило многу работи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако Наполи сака да го зголеми својот квалитет тоа мора да го направи со Манолас. Комбинацијата од него и Кулибали би била неверојтна. Двајцата знаат како да се бранат длабоко или високо на теренот и кога напаѓачите трчаат кон нив. Одлични се и во ситуациите една на еден“.
„Со два такви играчи можете да си дозволите да поставите повеќе играчи понапред, а така би создале повеќе прилики за гол. Можеби не го делите моето мислење, но ако Наполи оформи таков тандем може да оди до крај во Лигата на шампионите“, изјави Канаваро за „Фудбал Италија“.
Поголемиот дел од јавноста навистина нема да се сложи со Канаваро, меѓутоа кога тоа го кажува стопер кој во својата кариера ја освоил „Златната топка“ тогаш тие зборови секако имаат тежина.