Барселона поради пандемијата со коронавирусот се најде во големи финансиски проблеми, но новиот претседател Жоан Лапорта порача дека ќе најде решение клубот сето тоа да го надмине.
Каталонскиот клуб доживеа големи загуби затоа што натпреварите се играа пред празни трибини, а покрај тоа затворена беше и посетата на продавниците на „Камп Ноу“, а тоа беше еден од главните приходи на Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За да се вратат средствата еден од плановите е реновирање на „Камп Ноу“ и тоа би требало да започне наредната година. Барселона ќе го прошири стадионот, но и конечно ќе го добие кровот на еден од најубавите стадони во светот.
Предлогот беше да се прави нов стадион на друга локација, но од клубот тоа не сакаа да го одобрат и одлучено е „Камп Ноу“ да се ренвира.
Поради тоа Барселона ќе игра на друга стадион кога реновирањето ќе започне. Можеби многумина очекуваа Барселона натпреварите да ги игра на теренот каде што игра Б тимот, но тоа нема да се случи. Каталонскиот „Спорт“ објави дека Барселона своите домашни натпревари ќе ги игра на стадионот на каде што играше Есапњол до 2009 година кога овој клуб доби свој стадион. Станува збор за Олимпискиот стадион во Монтјуиц.