Италијанските медиуми пренесуваат дека голгетерот на Фиорентина, Никола Калиниќ е многу блиску до трансфер во Милан.
„Росонерите“ покрај Андре Силва сакаат да ангажираат уште еден централен напаѓач, а Калиниќ изминатите сезони покажа дека е еден од најдобрите во Серија А.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми тврдат дека агентот на Калиниќ е во Милано и дека во следните денови би требало да биде комлетиран трансферот кој ќе изнесува 25 милиони евра.
Во меѓувреме Милан постигна договор со Џенова за трансфер на Џанлука Лападула, а од оваа продажба „росонерите“ ќе инкасираат помеѓу 13 и 15 милиони евра.