Дома Топ вести Калдерон: Перез за Роналдо немаше пари, а за Нејмар сакаше да плати многу повеќе

Калдерон: Перез за Роналдо немаше пари, а за Нејмар сакаше да плати многу повеќе

ronaldo perez neymar

Изминатото лето Кристиано Роналдо го изненади фудбалскиот свет кога одлучи да го напушти Реал Мадрид, а уште поголемо изненадување беше тоа што заврши во Јувентус.

Пред Роналдо да го напушти Мадрид многу се пишуваше за проблемите на релација Перез-Роналдо, а сега на оваа тема зборуваше поранешниот претседател на „кралевите“, Рамон Калдерон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Проблемот помеѓу Роналдо и Перез кулминација достигнал после минатогодишното финале во Лигата на шампионите кога Кристиано Роналдо побарал поголема плата.

„Откако клубот ја освои Лигата на шампионите Роналдо од Флорентино побара поголема плата. Флорентино пак не сакаше да слушне за такво нешто, па дури и му порача дека ако некој клуб за него понуди 100 милиони евра може веднаш да си замина. Таквиот однос многу го налути Роналдо затоа што претходно ги имаше слушнато гласините дека Перез ќе направи се за да го доведе Нејмар за кого е спремен да плати многу повеќе. Роналдо едноставно беше гневен затоа што за него Перез нема пари, за Нејмар има и повеќе“, зборуваше Калдерон за шпанското радио „Вила Тринидад“.

Потоа Калдерон истакна дека Флорентино никогаш не прифатил дека трансферот на Роналдо бил негово дело.

„Флорентино ниту еднаш не призна и не прифати дека трансферот на Роналдо јас го завршив. Тој не е лош претседател, но не прифаќа дека некои други луѓе направиле нешто многу добро за клубот“, порача Калдерон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…