Ако зборуваме за доминација, кога станува збор за фудбалот во Италија, сите веднаш би помислиле дека никој не може да му парира на Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, статистиката покажува нешто друго, а посебно ако ја гледаме календарска 2020. година.
Имено, кога станува збор за 2020. година издоминира екипата на Милан која од 35 натпревар освои 79 бода.
Пиоли одлично ја води екипата на Милан, а тоа најдобро го покажува и податокот за 2020. години, каде Милан е феноменален.
Втор на табелата е Интер кој од 35 натпревари освои 73 бода, додека на третото место е Аталанта со 69 освоени бода од 34 одиграни натпревари.
Јувентус се наоѓа на четвртото место, со освоени 68 бода на 35 одиграни натпревари.