Дома Фудбал Англија Каков удар за Мурињо: Во дербито против Ливерпул без најскапиот во клучен момент

Каков удар за Мурињо: Во дербито против Ливерпул без најскапиот во клучен момент

Манчестер Јунајтед би можел да биде ослабен во утрешниот дуел против Ливерпул.

Утре од 13:30 на програмата е најголемото дерби во англиското првенство, Манчестер Јунајтед на домашен терен го пречекуваат Ливерпул, ќе биде тоа директна битка за втората позиција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Таквата борба за второто место би можела да помине без најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Вечерва се поавија информации дека Пол Погба е повреден, дека утре ќе има тест според кој ќе се дознае дали е подготвен да игра во дуелот против Ливерпул. Како што се наведува, поголеми се шансите дека нема да се појави.

Од клубот се уште никој не се огласи по овој повод, а деталите ќе бидат познати пред почетокот на мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден од отпишаните во Манчестер Јунајтед најде нов клуб, преговорите се веќе во тек

Неколку играчи до крајот на летниот преоден рок сигурно ќе го напуштат Олд Трафорд, а Манч…