Иако изгледаше дека Милинковиќ-Савиќ ќе остане во Лацио, сега работите се различни.
Иако римскиот клуб за српскиот репрезентативец бара повеќе од 100 милиони евра, изгледа дека сепак на крајот ќе ги напушти ова лето. Милан е заинтересиран да го доведе во своите редови, откако што пристигнаа Калдара и Игуаин. Но, поранешниот шампион на Италија има интересен начин како да го доведе Сергеј, па прашањето е дали Лацио ќе се согласи на тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Милан би сакал да му исплати на Лацио 40 милиони евра за едногодишна позајмица, а потоа да го откупи договорот на играчот на крајот од сезоната за 70 милиони. Така римскиот клуб би добил 110 милиони, но од два дела. Затоа прашањето е дали ќе се согласи на тоа.
Лацио следната година ќе игра во Лигата на Европа. За Сергеј претходно беа заинтересирани Реал, Барселона, Сити, Челзи, Јувентус… но никој не би сакал да плати повеќе од 100 милиони евра за него.