Дома Фудбал Англија Каков распоред: Тотенхем ќе одигра осум натпревари за 18 дена

Каков распоред: Тотенхем ќе одигра осум натпревари за 18 дена

Лондонски Тотенхем кој е минатогодишен финалист во Лигата на шампионите и потенцијален противник на Шкендија во третото квалификациско коло за новата сезона во Лигата на Европа по репрезентативната пауза го чека неверојатно згуснат распоред.

Светското здружение на фудбалери (ФИФПро) испрати многу апели до организаторите на натпреварувањата да се внимава со распоредот на натпревари, меѓутоа тоа не помогна многу, посебно не во случајот на Тотенхем. Тимот на Мурињо за само 18 дена ќе одигра дури осум натпревари.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Со оглед дека Тотенхем рано започнува со европските квалификации тие ќе се поклопат со стартот на сезоната во Премиер лигата, тука потоа е Лига Купот на Англија, па третото квалификациско коло и можното гостување во Скопје.

Ваквиот распоред на Тотенхем ќе започне со гостувањето во Бугарија кај Локомотив Пловдив, а ќе заврши на 3 октомври на гости кај Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луj ван Гал го победи ракот: Морав да носам пелени, ми беше многу тешко

Легендарниот холандски тренер Луи ван Гал (73) објави нови детали за неговата борба со рак…