Веќе е познато кога екипите од Ла Лига ќе ја продолжат сезоната. Лигата продолжува на 11. јуни со дербито на Андалузија помеѓу Бетис и Севиља.
Од 11 јуни до 19 јули натпревари од шпанското првенство ќе има секој ден и ќе се одиграат дури 110 натпревари во 39 дена. Календарот се уште не е официјално објавен меѓутоа многу простор нема, па горе-долу познато е како се ќе биде одиграно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради високите температури ќе има промена во некои термини, најголем дел од натпреварите ќе се играат навечер, исклучок ќе бидат клубовите кои се во северниот дел од Шпанија.
Многу често клубовите ќе играат два пати неделно и сигурно дека многу од екипите, посебно оние помалите не се навикнати на ваков ритам па останува да видиме какви ќе бидат нивните резултати.
До крајот на првенството во Шпанија останаа уште 11 кола и голема борба за титулата до крај се очекува да водат Барселона и Реал Мадрид.