Toпчињата во Нион сакаа во осминафиналето да се сретнат Реал Мадрид и Манчестер Сити, а првиот натпревар на овие ривали е на 26. февруари во главниот град на Шпанија.
Ждребот донесе големо дерби во раната фаза, а освен овој натпревар Манчестер Сити во тие денови го чекаат неколку тешки натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Само четири дена пред овој натпревар во Премиер лигата Сити ќе гостува кај Лестер. Три дена после првиот натпревар во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе го дочека Арсенал, па потоа „граѓаните“ ќе го играат градското дерби на „Олд Трафорд“.
Недела потоа ги очекува нешто условно кажано полесен противник бидејќи на „Етихад“ доаѓа Барнли. По натпреварот со Барнли Гвардиола со своите избраници ќе го играат реваншот со Реал, па ново дерби во Премиер лигата против Челзи на гости.
После тие натпревари следи репрезентативна пауза, додека после враќањето Манчестер Сити ќе игра против Ливрпул.