Дома Видео Каква мајсторија: Фантастичен гол на Модриќ!

Каква мајсторија: Фантастичен гол на Модриќ!

Хрватска по втор пат води против Шкотска во третото коло од групната фаза на ЕП.

Хрватите до водство дојдоа во 62. минута кога за 2:1 на фантастичен начин погоди Лука Модриќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Модриќ во светот на фудбалот е познат по тоа што најдобро шутира со надворешниот дел од стапалото, а тоа го демонстрираше и вечерва.

Капитенот на Хрватска прекрасно ја шутна топката од работ на шеснаесетникот и со прецизен удар ја затресе мрежата за големо славје во хрватскиот тим.

Да потсетиме, Хрватска со победа оди во осминафиналето на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Бразилците решени да го задржат Карло Анчелоти

Претседателот на Бразилската фудбалска федерација (CBF), Самир Шауд, објави дека целта на …