Дома Топ вести „Кадена СЕР“: Едно барање на Меси најавува големо изненадување!

„Кадена СЕР“: Едно барање на Меси најавува големо изненадување!

Ако веруваме на познатото шпанско радио „Кадена СЕР“ наредното лето може да се случи големо изненадување – Меси би можел да ја напушти Барселона.

Овој медиум пишува дека Меси при потпишувањето на договорот во летото 2017 година побарал од клубот после летото 2019 година да му овозможи да ја промени средината по своја желба.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меси потпиша договор со Барселона во кој има откупна клазула од 700 милиони евра, но таа имаше важност до преодниот рок кој заврши.

Аргентинецот нема право да ја промени средината во текот на зимскиот преоден рок, туку во текот на наредното лето, секако доколку сака ќе може да избере каде да ја продолжи кариерата, Барса не би можела да прави проблем.

Актуелната соработка на Меси со Барса му завршува во 2021 година и веќе летото после тоа ако договорот не биде продолжен Меси може да замине без оштета.

Како што се пишува на Меси му бил понуден договор на десет години кој практично ќе значеше дека Меси ја завршува кариерата во Каталонија, но Меси одбил таков договор.

„Кадена СЕР“ најавува дека аргентинската ѕвезда има идеја кариерата да ја заврши во САД, меѓутоа треба да се потсети и дека претходно се најавуваше дека Меси има желба да заигра во Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…