Сагата со Мауро Икарди никако да заврши, а сега медиумите најавуваат дека еден клуб и дефинитивно се откажал од намерата да го доведе.
Атлетико Мадрид нема да го доведе Мауро Икарди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно се пишуваше дека Диего Симеоне е во потрага по напаѓач, но неколку медиуми потврдија дека Атлетико нема намера да испрати понуда за Икарди.
Причината не е само високата цена, туку однесувањето на Икарди кој со последните случувања донесе многу немир во тимот на Интер, посебно откако му беше одземена капотенската лента. Поради таквото однесување јасно е зошто Диего Симеоне не го сака својот сонародник во тимот.
Наполи и Јувентус се клубови од Серија А кои би можеле да го доведат овој напаѓач, а Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе продолжат да ја следат ситуацијата.
Икарди во својот договор има откупна клазула од 110 милиони евра, но веруваме дека Интер во оваа ситуација ќе прифати и далеку пониска сума за него.
Аргентинецот неодамна се врати во тимот на Интер, но навивачите се уште не ги забораваат проблемите кои ги правеше Икарди заедно со неговата сопруга Ванда Нара.
Како и да е се очекува ситуацијата со Икарди да биде отворена во следниот преоден рок, се додека некоја од страните не се огласи и потврди или пак Аргентинецот потпише за друг клуб.