Дома Фудбал Каде е храброста и одговорноста на Меси и ѕвездите на Барселона?

Каде е храброста и одговорноста на Меси и ѕвездите на Барселона?

Барселона на своите навивачи им приреди уште едно разочарување во Ла Лига, овој пат на гостувањето кај Атлетико Мадрид.

Натпреварот го одбележа големата грешка на Тер Штеген, а се чини дека полека исчезнува и магијата на Лео Меси кој до сега постигна само еден погодок од игра во новата сезона.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Освен на теренот и после натпреварот “ѕвездите“ на Барселона не покажаа храброст и одговорност, па пред камерите го испратија 17-годишниот Педри.

Кога се загуби дерби навивачите очекуваат одговорноста да ја преземат најголемите ѕвезди, меѓутоа овој пат тоа изостана.

„Меси, Пике и останатите капитени на Барселона го испратија дебитантот Дест кој не зборува шпански на прес после поразот во Ел Класико, а после поразот против Атлетико го испратија 17-годишниот Педри.“ – еден од коментарите на навивачите на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Енрике го „пецна“ Мбапе: Сега имаме подобар тим

Тренерот на Пари Сент Жермен, Луис Енрике, по синоќешната победата над Џирона го спореди н…