Заменик капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски многу брзо би можел да го напушти Спортинг.
Како што пренесуваат португалските медиуми, Ристовски е отстранет од првиот тим поради конфликт со тренерот Рубен Аморим и може да си замине од Спортинг во овој преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во медиумите се шпекулира за неколку причини зошто дошло поради несогласување. Наводно македонскиот фудбалер не бил задоволен затоа што не се нашол во комбинација за последниот натпревар со Спортинг против Пакош Фереира.
Веќе пристигнаа најавите и за тоа во кој клуб би можел да ја продолжи кариерата. Ваљадолид и Бешикташ се екипите кои најмногу се споменуваат, но се шпекулира и за Парма каде што Ристовски играше претходно.
Пред неколку недели Ристовски се поврзуваше и со германски Волфсбург, па и овој клуб сигурно дека ако е заинтересиран за македонскиот фудбалер ќе ја следи ситуацијата.