Италијанскиот „Скај Спорт“ пренесува дека Едисон Кавани би можел да се врати во Италија и тоа во екипата на Галијани и Берлускони.




Според информациите Кавани кој е слободен играч откако му истече договорот со Јунајтед веќе ги започнал преговорите за враќање во Италија. Познатиот новинар Џанлука Ди Марцио тврди дека Монца има навистина добри шанси да стигне до потписот на Уругваецот.




„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Монца која за првпат во својата историја сезонава ќе игра во Серија А покажува големи амбиции и веќе се засили со Стефано Сенси, Андреа Ранокија, Алесио Крањео, Матео Песина, Андреа Карбони и Самуеле Бринедели.




Серија А е добро позната дестинација за Кавани затоа што во минатото настапуваше за екипите на Палермо и Наполи.