Дома Останати Тенис ИТФ донесе официјална одлука за случајот „Серена“!

ИТФ донесе официјална одлука за случајот „Серена“!

serena

Однесувањето на Серена Вилијамс и одлуката на судијата Рамос во финалето на УС Опен предизвикаа многу контроверзии.

Меѓународната тениска федерација ИТФ денес соопшти дека одлуките на судиите во финалниот натпревар во женска конкуренција на Отвореното првенство САД, Карлос Рамос биле во склад со правилата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вилијамс во тек на саботното финале го нарече судијата Рамос „крадец“, бидејќи и одзема поен откако го скрши рекетот, а потоа поради давање инстркуции од нејзиниот тренер и одзема и цел гем.

Титулата ја освои Јапонката Наоми Осака со победа од 6:2 и 6:4, а организаторите на турнирот ја казнија Серена со 17.000 долари поради кршењето на три правила.

Сепак, во своето соопштено ИТФ наведува дека Рамос се однесувал професионално.

„Јасно е дека овој инцидент ќе предизвика дебата. Во исто време важно е да се потсети и дека господинот Рамос ја извршуваше својата работа во склад со правилата. Неговите одлуки се во склад со правилата и се потврдени со одлуката на УС Опен да ја казни госпоѓата Вилијамс за три прекршоци“ се наведува во соопштението од ИТФ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…