Бранителката на титулата на Австралија Опен испадна уште во третото коло.
Американката изненадувачки беше поразена од Кианг Ванг после два часа и 43 минути борба во три одиграни сета.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ванг првиот сет го доби со 6:4 вториот и припадна на Серена после тај-брејк, за во сетот на одлуката кинеската тенисерка да слави со 7:5 во последниот, 12. гем.
После натпреварот Ванг изрази огромно задоволство.
„Многу сум среќна поради тоа. Секогаш верувам дека кога имам свој ден можам да направам нешто вакво. Денес беше мој ден. Напорно работев и тоа се исплатеше“, изјави Ванг.