Тиаго Силва летото 2012 година го напушти Милан и премина во ПСЖ.
„Росонерите“ од неговата продажба заработија 42 милиони евра, а тој беше вториот играч на Милан после Златан Ибрахимовиќ кој го напушти клубот тоа лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот веќе осум години е член на клубот од Париз, но изгледа дојде време за разделба. Договорот на овој 35 годишен фудбалер му истекува на крајот од сезоната и изгледа истиот нема да биде продолжен.
Италијанските медиуми пренесуваат дека управата на Милан веќе го контактирала Силва и му порачале дека сакаат да го вратат на „Сан Сиро“. Силва наводно не би имал ништо против тоа и ги стартувал преговорите.
„Тутоспорт“ пишува дека потенцијален проблем би можела да биде неговата голема плата, меѓутоа во Милано веруваат дека бразилскиот стопер е спремен да ги намали своите примања. Според информациите Силва со Милан би можел да потпише договор на две години.