Дома Топ вести Италијанците тврдат: Дибала ја променил одлуката!?

Италијанците тврдат: Дибала ја променил одлуката!?

Аргентинскиот напаѓач, Паоло Дибала и ова лето се поврзуваше со многу европски гиганти, но на крајот одлучи да остане во Јувентус.

Кога Кристиано Роналдо потпиша за „старата дама“ беше јасно дека некој напаѓач ќе мора да го напушти Торино, на крајот тоа беше Гонзало Игуаин кој премина во Милан. Иако, Дибала имаше многу понуди одлучи да остане во Јувентус, но барем според најавите на италијанските медиуми сега ја променил одлуката.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Италијанските медиуми денес објавија дека Дибала не е задоволен од својата улога во екипата откако Роналдо пристигнал во тимот. Аргентинецот на почетокот верувал дека можат да бидат фантастичен тандем со Роналдо, но засега Алегри има поголема доверба со Манџукиќ кој со своите голови истата ја оправда.

Наводно, Дибала веќе го искажал своето незадоволство од статусот во тимот, дури и се пишува дека побарал да го напушти клубот во јануари. Аргентинската ѕвезда во последниот ден од преодниот рок имаше понуда од Реал Мадрид, но Јувентус ја одби понудата од „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…