Дома Фудбал Лига на шампиони Италијанците се жалат: Наполи е оштетен за пенал

Италијанците се жалат: Наполи е оштетен за пенал

Италијанците после ремито на Звезда и Наполи сметаат дека нивниот претставник во Белград е оштетен за еден пенал.

Реномираниот „Кориере дело Спорт“ смета дека судијата Симон Марчинијак не одработил добра работа во вчерашниот натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Споменатиот медиум го потенцира моментот од 14-тата минута од натпреварот.

Тогаш Фабијан Руиз нафрли, а топката го изненади Милан Родиќ и тој според Италијанците играл со рака. Од фудбалерите на Наполи во тој момент кон судијата реагираше Хозе Калјехон, но Марчинијак не покажа на белата точка.

Треба да се истакне и дека овој момент е спорен само за Италијанците, во останатите медиуми во светот не се појави текст со слична содржина.

Како и да е, натпреварот заврши, а она што ќе се памети е големиот бод на Звезда против вицешампионот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…