Дома Топ вести Италијанците откриваат каков договор ќе потпише Ибрахимовиќ со Милан и колку ќе заработи

Италијанците откриваат каков договор ќе потпише Ибрахимовиќ со Милан и колку ќе заработи

Златан Ибрахимовиќ е пред враќање во Милано, градот каде што се задржа пет години играјќи за Интер и Милан и од каде летото 2012 година ја напушти Серија А како најдобар стрелец.

Тоа го постигна со Милан, каде и што сега би можел да се врати. Милан мора да пронајде уште еден напаѓач покрај Игуаин и Кутроне бидејќи конечно сакаат да се вратат во Лигата на шампионите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Преговорите за враќање на Ибрахимовиќ во Милано започнаа пред два дена, а италијанските медиуми најавуваат дека остануваат само формалности и дека работата е завршена.

„Газета дело Спорт“ денес пишува и за тоа колку Ибрахимовиќ ќе заработи во Милан за шест месеци.

Според нивните информации Ибрахимовиќ ќе добие два милиони евра за шест месеци, додека во договорот ќе има опција и истиот да биде продолжен на уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…