Дома Трансфер зона Италијанците останаа со празни раце – Дембеле се сели во Кина

Италијанците останаа со празни раце – Дембеле се сели во Кина

Белгискиот репрезентативец Муса Дембеле беше голема желба на италијанските клубови, но последните информации говорат дека ќе се пресели во Кина.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ја прифатил понудата на неименуван кинески клуб од 30 милиони фунти.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Дембеле одби да го продолжи договорот со „спарси“ и сака да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажаа италијанските клубови.

Јувентус, Интер и Наполи веќе имаа контакти со неговиот агент, меѓутоа понудата од Кина е многу побогата.

Тотенхем ја прифати понудата, па сега се чека одлуката на Дембеле, дали да се пресели во Кина или сака се уште да игра на врвно ниво во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…