Италијанската репрезентација денес ги објави броевите на дресовите кои фудбалерите ќе ги носат на престојните пријателски натпревари против Аргентина и Англија.
При доделување на броевите изоставен беше бројот 13 кој порано го носеше капитенот на Фиорентина Давиде Астори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Астори за италијанската репрезентација запиша 14 настапи и ова е сигуро мал знак на внимание после неговата изненадна смрт. Исто така, дуелите против Аргентина и Англија ќе почнат со минута молчење во чест на Астори.
Голмани: 1. Буфон (Јувентус), 26 Донарума (Милан), 27 Перин (Џенова)
Одбрана: 19. Бонучи (Милан), 4. Дармијан (Манчестер јунајтед), 2. Де Шиљо (Јувентус), 3. Ферари (Сампдорија), 24. Флоренци (Рома), 5. Огбона (Вест Хем), 15. Ругани (Јувентус), 11. Спинацола (Аталанта), 21. Запакоста (Челзи)
Среден ред: 7. Бонавентура (Милан), 23. Кристанте (Аталанта), 20. Гаљардини (Интер), 14. Жоргињо (наполи), 18. Пароло (Лацио), 16. Пелегрини (Рома), 8. Верати (ПСЖ)
Напад: 9. Белоти (Торино), 6. Кандрева (Лацио), 25. Киеза (Фиорентина), 22. Кутроне (Милан), 17. Имобиле (Лацио), 10. Инсиње (Наполи), 12. Верди (Болоња).