Дома Трансфер зона Италијанско дерби за ѕвездата на Баерн Минхен

Италијанско дерби за ѕвездата на Баерн Минхен

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан се вклучил во трката за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.

27-годишниот играч за врска влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, а нема најави за негово продолжување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Французинот прикажа неколку одлични игри во тековната сезона, но не добива голема минутажа и сака да ја промени средината.

Интер и Јувентус од поодамна се заинтересирани за неговиот потпис, а сега во трката се приклучи и Милан.

„Росонерите“ се во потрага по квалитетен играч за врска и првата желба е Ренато Санчез од Лил, додека Толисо се споменува како алтернатива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…