Напаѓачот на Ремс е новата француска ѕвезда која го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Екитике има само 19 години, а оваа сезона блеска во дресот на Ремс и на 19 меча веќе постигна 21 гола и запиша 3 асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Скаутите на многу европски гиганти ги следат неговите настапи, а експертите му предвидуваат голема кариера.
Екитике е централен напаѓач, но може да игра и како крило, а најсилен интерес за него покажуваат Милан и Рома.
Италијанските клубови веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат во своите редови во летниот преоден рок.