Јувентус и Интер се силно заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пренесува „Калчомеркато“.
Шпанскиот репрезентативец го загуби местото во стартниот тим кај Гвардиола, не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Граѓаните“ исто така сакаат да го продадат, за да можат да ослободат место за доаѓање на Гвардиол, па за неговата слобода бараат 20 милиони фунти.
Јувентус сака да ја засили одбраната и да донесе наследник на Бонучи, а новиот спортски директор на врвот на листата желби го стави Емерик Лапорт.
Интер исто така во Лапорт гледа идеала замена за Скриниар, па двата италијански гиганти ќе се борат за неговиот потпис.