Откако во текот на вчерашниот ден беше најавено дека Јувентус во финишот од преодниот рок своето внимание ќе го насочи кон Блез Матуиди од ПСЖ, денес од Италија пристигнуваат инфоромации дека целиот трансфер наскоро ќе биде и потврден.
„Кориере Дело Спорт“ во своето денешно издание пренесува дека „бјанконерите“ се договориле за трансфер на фудалерот од средината на теренот за сума од 15 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матуиди не беше стартер на ниту еден од трите натпревари оваа сезона, а во неделниот натпревар одигра само три минути. Споменатиот медиум, потенцира и дека бројот 14 на Матуиди во Јувентус е слободен и дека наскоро се очекува да пристигне и потврда на овој трансфер.
Да потсетиме, Французинот и минатото лето беше голема желба на италијанскиот гигант.