Дома Трансфер зона Италијанските гиганти се „тепаат“ за новата аргентинска ѕвезда

Италијанските гиганти се „тепаат“ за новата аргентинска ѕвезда

Приоритет на Милан ова лето ќе биде засилување во нападот, бидејќи Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Потрагата по наследник на Ибрахимовиќ веќе започна, а последно име на списокот на „росонерите“ е аргентинскиот талент од Сан Лоренцо, Адолфо Гаич.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


21-годишниот голгетер веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти. Во Аргентина е познат под надимакот „Тенк“ бидејќи е робусен, висок 190 сантиметри, но има одлична техника и исклучително чувство за гол.

Гаич оваа сезона, до паузата поради коронавирусот, запиша 12 настапи за Сан Лоренцо на кои постигна 5 гола, а минатата година дебитираше и за аргентинската репрезентација.

Аргентинецот во договорот има откупна клаузула од 15 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за Милан.

Сепак, „росонерите“ ќе треба да се изборат со големата конкуренцијата бидејќи за Аргентинецот интерес покажуваат уште Рома, Наполи и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…