Дома Фудбал Италија Италијанската федерација потврди: Конте е вистински избор за селектор!

Италијанската федерација потврди: Конте е вистински избор за селектор!

Потпретседателот на Италијанската фудбалска федерација, Алесандро Костакурта изјави дека Антонио Конте е идеалниот кандидат за селектор на „скудра аѕура“.

Во моментов на селекторското место привремено седи Ди Биаџо, но Федерацијата е во потрага по перманентен селектор за квалификациите за ЕП 2020.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанската фудбалска федерација посакува Антонио Конте повторно да седне на селекторското столче.

„Од сите потенцијални кандидати, Конте за мене е најдобро решение. Се уште не сме избрале селектор, но мислам дека тој би бил вистинскиот избор“, изјави потпретседателот на Федерацијата, Костакурта.

Покрај Конте кадидати сe и Карло Анчелоти, Клаудио Раниери и Роберто Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трајковски верува во успех со Данска: Има нова енергија и визија во тимот

Александар Трајковски истакнува дека македонската репрезентација треба да пристапи со макс…