Како што пренесуваат италијанските медиуми Милан, Јувентус и Интер ќе се борат за потписот на капитенот на Атлетико Мадрид, Диего Годин.
На Годин му истекува договорот со Атлетико на крајот на сезоната, а како што стојат работите нема да ја продолжи соработката со „јорганџиите“, па италијанските клубови се спремни да го донесат без обештетување.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Први интерес за Уругваецот покажаа Јувентус и Милан. „Бјанконерите“ во него гледата идеален наследник на Барзаљи, додека „росонерите“ се обидуваат да ја засилат одбраната со искусен стопер.
Сега во траката за потписот на Годин се приклучи и Интер, кој најверојатно ќе остане без Миранда, па го сака Уругваецот како негова замена.
Останува да видиме кој ќе победи во трката за неговиот потпис, а сигурно е дека Годин ќе може да преговара со заинтересираните клубови уште во јануари.