Искусниот италијански стратег Масимилиано Алегри наскоро би можел да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.
Ерик Тен Хаг е под голем притисок поради лошите резултати и наскоро би можел да добие отказ, а „црвените ѓаволи“ веќе бараат замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри е расположен за преселба во Англија, па би можел да го прифати предизвикот и да седне на кормилото на гигантот од „Олд Трафорд“.
Тој и претходно беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, но конкретни преговори никогаш не се одржаа, но сега Алегри е без ангажман.