Дома Топ вести Италија во „ТРАНС“: Рикардо Кака вечерва пристигнува во Милано!

Италија во „ТРАНС“: Рикардо Кака вечерва пристигнува во Милано!

Замислете каков камбек би било ова…

Да, можно е навистина. Рикардо Кака вечерва пристигнува во Милано, а италијанските медиуми пренесуваат дека се закажани и преговори за негов трет мандат на „Сан Сиро“.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Наводно, иако Кака неодамна истакна дека се повлекува и дека му е време за пензионирање, Милан е во тешки моменти и потребни му се луѓе кои го познаваат клубот и кои можат да допринесат на психолошки план.

После етапата во Орландо, Италија очекува Кака да се врати во Милан, но не е познато дали тоа ќе биде во улога на играч.

Бразилецот вечерва ќе присуствува на натпреварот помеѓу Милан и Австрија Виена во рамките од Лигата на Европа, но наводно и ќе преговара со спортскиот директор Фасоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…