Двајцата возачи на Мерцедес попладнево славеа со еден-два победа во трката за ГН на Италија, односно домот на противникот Ферари.
Луис Хамилтон заберлежа уште една победа, со која го презеде водството и на табелата од генералниот пласман.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ботас заврши на втората позиција, а Ферари сепак имаше свој претставник на пиедесталот, односно третата позиција за зазема Себастијан Фетел.
Сликата на генералниот пласман вели дека Хамилтон доминира на првата позиција со 238 бодови, додека Фетел е на втората позиција и ќе мора до крај да атакува на првата позиција на секоја трка.
Инаку во денешната трка со бодови завршија уште и Даниел Рикиардо кој беше четврти, како и Кими Рајконен кој се најде на петтата позиција.