Дома Фудбал Италија Италија без еден од најдобрите дефанзивци против Македонија!

Италија без еден од најдобрите дефанзивци против Македонија!

Репрезентативната пауза донесе големи проблеми за Симоне Инзаги. Одличниот Алесандро Бастони заработи незодна повреда на вчерашниот тренинг на италијанската репрезентација и нема да игра против Македонија, меѓутоа ќе го пропушти и натпреварот за Интер.

Бастони веднаш замина на детални прегледи кои донесоа лоши вести за Инзаги. Дефанзивецот се здобил со истегнување на мускул на ногата и во вакви ситуации препорачаната пауза изнесува најмалку три недели.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ова значи дека Бастони ќе го пропушти дербито со Интер кое се игра веднаш по репрезентавицната пауза, а под знак прашалник ќе биде и за дуелот со Наполи на 3-ти декември.

Проблемот за Интер е поголем ако се знае и дека Павар е повреден, па опциите за Интер во последната линија се и тоа како намалени. Интер е лидер во  Серија А со 31 бод, Јувентус е втор со 39, Милан има 23, Наполи 21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инцидент на тренингот на Реал: До вчера изгледаше недопирливо, но кај Алонсо важат други правила

Веднаш по пристигнувањето во Реал Мадрид, тренерот Чаби Алонсо ја воспостави дисциплината …